Белата куќа соопшти дека Израел се согласил да воведе четиричасовни дневни хуманитарни паузи во нападите врз Хамас во северниот дел на Газа. Во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да воведe ваков вид на пaузи.
Администрацијата на Бајден соопшти дека обезбедила уште еден премин за цивилите да избегаат од борбите.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека првата хуманитарна пауза ќе биде најавена денеска и дека Израелците се обврзале да го објавуваат секој четиричасовен прозорец најмалку три часа однапред.
Прочитај повеќе
Водич за разбирање на суштината на конфликтот меѓу Израел и Хамас
Арапите и Евреите кои живееле во Светата земја биле под Отоманската империја до крајот на Првата светска војна.
21.10.2023
Тајната мрежа на тунели на Хамас проблем за израелската офанзива
Иако Хамас не може да се носи со технолошката софистицираност на израелската армија, милитантната група има многу необична предност...
16.10.2023
Што е Хамас - историја на милитантната група што го нападна Израел
Со еден потег, нападот на Хамас врз Израел ги преуреди регионалните приоритети во скора иднина.
10.10.2023
Жестокиот напад врз Израел го става Иран во центарот на вниманието
Најновиот напад врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас го обнови фокусот на светот кон војната во сенка.
09.10.2023
„Израелците ни кажаа дека нема да има воени операции во овие области за време на паузата и дека овој процес започнува денеска“, рече Кирби, нарекувајќи го потегот, чекор во вистинска насока.
„Ги повикуваме Израелците да ги минимизираат цивилните жртви и да направат сè што можат за да ги намалат тие бројки“, рече Кирби, велејќи дека ќе обезбедат „простор за дишење неколку часа“ за цивилите да се движат без опасност.
Тој, исто така, нагласи дека тоа ќе обезбеди „кратки можности“ за безбедно предавање на заложниците кои ги држи Хамас.