Студен бран ќе се прошири низ Европа во текот на викендот, тестирајќи ги енергетските системи во регионот за првпат оваа зима.
Се прогнозира дека Хелсинки ќе забележи најниска температура од -11,5 Целзиусови степени, четири последователни дена од сабота, а и другите нордиски престолнини исто така ќе „замрзнат“, според метеоролошката компанија „Максар“ (Maxar Technologies). Студен бран ќе ги зафати и Германија и Велика Британија, а в сабота се очекува температурите во Лондон да достигнат до нула степени.
„Зимски врнежи и силни ветрови се веројатни во северните и источните области, со зголемен ризик од мраз во текот на ноќта за време на викендот“, соопшти британската метеоролошка канцеларија.
Во наредните шест до десет дена за Европа се предвидува зголемување на потрошувачката на енергија што е над десетгодишниот просек, велат од „Максар“. Во исто време се предвидува дека германските турбини на ветер ќе произведат речиси рекордни нивоа на енергија во текот на неделава.
Очекувањата се моќта на турбините да достигне 50,08 гигавати во 18 часот в четврток, според податоците на ECMWF собрани од „Блумберг“. Тоа е нешто помалку од рекордните 50,8 гигавати моќност поставени во јануари, според „Јуропиан енерџи“ (European Energy Exchange AG).