Рецесивните текови во Германија негативно ќе влијаат врз македонската економија и воопшто врз Европа со оглед на тоа што станува збор за земја која е најголем трговски партнер на Македонија и важи за економски мотор на ЕУ. Анализираме какви се очекувањата за нарачките во германската индустрија и за тамошната потрошувачка од што најмногу ќе зависи дали оваа земја ќе забележи позитивен економски раст следната година. Истовремено, презентираме прогнози за движењето на македонската економија во 2024 година од аспект на тоа дали постои опасност од рецесија.
Ќе ги претставиме сите новини кај данокот на додадена вредност и ќе анализираме колку се реални проекциите за приливи по овој основ во буџетот за следната година.
Со оглед на тоа што Македонската берза не покажа знаци на заживување годинава прашуваме какви се очекувањата за 2024 година и дали е можно преку котација на државни компании да се зголеми интересот на граѓаните за инвестирање на берзата.
Електричните автомобили веќе на голема врата влегуваат на светскиот пазар, а поради определбите за намалување на емисиите на штетни гасови се очекува во иднина целосно да ги заменат возилата со погон на фосилни горива. Откриваме дека во светот веќе активно се работи на можноста за употреба на рециклирани батерии во автомобилската индустрија што ќе биде од огромен придонес во заштитата на животната средина.
Скандалите и измамите го преплавија светот на криптовалутите во текот на 2023 година, но биткоинот покажа знаци на живот и забележа раст кон крајот на годината. Анализираме какви се прогнозите за криптовалутите во текот на 2024 година.