Линиите на „Еуростар“ до и од Лондон беа откажани во саботата, откако силен дожд го поплави тунелот под реката Темза, нарушувајќи ги плановите за патување и одмор.
Стотици патници кои се обидуваа да го преминат Ла Манш останаа заглавени во лондонската станица „Свети Панкрас Интернешнл“ и станицата „Гар ду Норд“ во Париз. „Еуростар“, кој нуди услуги од Лондон до Париз, Брисел и Амстердам, соопшти дека возовите со голема брзина нема да сообраќаат во сабота поради поплавите.
Обединетото Кралство беше погодено од силни ветрови и силен дожд што ги донесе бурата Герит во текот на целиот празничен период. Поголемо невреме и прекини во сообраќајот се очекуваат во текот на последниот викенд од годината.
Прочитај повеќе
Предвидувањето на екстремните временски настани станува тешко
Метеоролошката служба на Австралија не предупреди за смртоносните бури оваа недела
30.12.2023
Екстремните горештини предизвикуваат невидени поплави
Научниците поддржани од ОН предвидуваат дека поплавите ќе се влошат
04.11.2023
Годинава беше најтопла досега, може ли да биде уште полошо?
Според прогнозите, следува уште една топла година, потопла од лани.
12.12.2023
ООН преупредува: Годинава беше најтопла досега
Глобалните температури беа околу 1,4 Целзиусови степени (2,5 F) над просекот
30.11.2023
Италија се соочува со штети од милијарди евра поради климатските промени
Најголемите осигурителни компании веќе се соочуваат со штети од повеќе од 3 милијарди евра
05.11.2023
Екстремните горештини предизвикуваат невидени поплави
Научниците поддржани од ОН предвидуваат дека поплавите ќе се влошат
04.11.2023
Крис Дилашо од Сан Антонио, Тексас беше меѓу многуте чии планови за новогодишната ноќ беа уништени поради хаосот на патувањата.
„Тука е целото наше семејство. … Го прославивме Божиќ во Париз, а потоа се упативме во Лондон за нашите новогодишни планови“, изјави тој за Асошиејтед прес додека чекаше на „Гар ду Норд“. „Прилично е разочарувачки да дознаете преку е-пошта што се случило“.
Кристина Дејвид (25) и Џорџина Бењамин (26) од Сиднеј, рекоа дека немаат каде да останат откако дознале дека возот од Лондон до Париз – последната станица од нивната повеќенеделна европска турнеја – бил откажан.
„Плативме скап хотел со поглед на Ајфеловата кула“, рече Бењамин. „Сега мора да резервираме хотел за да преноќиме овде. Не знаеме каде да одиме; немаме каде да останеме“.
Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство соопшти дека во сабота се очекуваат силни ветрови и дожд да ги погодат Лондон и јужна Англија. Се очекуваат налети до 80 км/ч, а најсилните ветрови се очекуваат во близина на крајбрежните области.