Иран испрати воен брод во Црвеното Море откако американската морнарица уништи три брода на Хутите, потег што ги зголемува тензиите и ја компликува целта на Вашингтон да обезбеди премин клучен за глобалната трговија.
Разурнувачот Алборз во понеделникот мина низ теснецот Баб Ел-Мандеб, меѓу Црвеното Море и Аденскиот Залив, соопштија иранските државни медиуми без дополнителни детали за мисијата на бродот.
Иранскиот поход во Црвеното Море еден ден по американската акција дополнително ја компликува и онака напнатата ситуација во каналот, кој опслужува околу 12 отсто од светската трговија. Овој потег може да се протолкува како предизвик за неодамна формираната американска поморска група. Целта на оваа група е да се спречат нападите врз бродовите што ги вршат Хутите, кои се поддржани од Техеран. Хутите контролираат дел од северозападниот дел на Јемен, вклучувајќи го главниот град Сана и пристаништето Ал-Худајда на Црвеното Море.
Прочитај повеќе
Ескалира состојбата во Црвеното море
Има загинати меѓу Хутите, бунтовничка група од Јемен
31.12.2023
Половина од товарните бродови го избегнуваат Црвено Море по нападите
Според новите податоци од индустријата, половина од контејнерската флота што редовно транзитира преку Црвено Море и Суецкиот Канал сега ја избегнува маршрутата.
28.12.2023
„Маерск“ се враќа во Црвено Море под заштита на САД
„Маерск“, втората по големина компанија за транспорт на контејнери во светот, соопшти дека се подготвува да продолжи со испораките преку Црвено Море.
25.12.2023
САД со патрола ќе ги штитат бродовите во Црвено Море од напади на Хутите
Вашингтон објави дека досега обезбедил поддршка од 20 западни и арапски сојузници.
25.12.2023
Повеќе од 100 бродови се пренасочени од Црвеното Море
Хутите дејствуваат во поддршка на Хамас - првично насочени кон бродови поврзани со Израел
20.12.2023
Нетанјаху: Војната ќе трае додека Хамас не биде целосно уништен
„Во уништувањето на Хамас, Израел ќе продолжи да дејствува во целосна согласност со меѓународното право“, посочува израелскиот премиер.
26.12.2023
Делегација на Хутите се состана со официјални лица во Техеран откако САД елиминираа неколку членови на милитантната група за време на напад на дански транспортен брод. „Маерск“ (AP Moller-Maersk A/S) го прекина целиот сообраќај низ Црвеното Море на 48 часа за да ја процени ситуацијата.
Во ноември, Хутите почнаа да напаѓаат бродови за кои сметаа дека се поврзани со Израел, без разлика дали тие пловеа кон Израел или беа во сопственост на израелски ентитети. Целта на овие напади беше да се одговори на израелската воена акција во Газа. Таа акција уследи по ненадејниот напад во Израел на 7. октомври од страна на Хамас, организација која САД ја класифицираат како терористичка организација.
За еден месец, Хутите киднапирале контејнерски брод и извршиле повеќе од 100 напади со беспилотни летала и балистички проектили, чија цел биле 10 трговски бродови, според Пентагон.
Операцијата „Просперити Гардијан“ (Prosperity Guardian), во која учествуваат морнарицата на САД и на девет други земји, беше започната на 19 декември и во неделата имаше жесток судир со милитантите.
Хеликоптери од два американски разурнувачи во Црвеното Море, УСС Ајзенхауер и УСС Гравели, одговориле на повикот за помош од „Маерск Хангжу“ кога Хутите со четири глисери се обиделе да се качат на бродот, според американската војска. Хутите ги игнорирале вербалните предупредувања, пукале кон леталата и предизвикале смртоносен одговор во кој потонале три чамци.
Тоа беше втор голем напад на Хутите врз бродови за помалку од 24 часа и дојде откако Данска објави дека испраќа фрегата во Црвеното Море за да се приклучи на американската поморска коалиција.
САД го обвинија Иран дека е „длабоко вклучен“ во нападите на Хутите во Црвеното Море, што Техеран го негираше, но рече дека ги разбира причините за нивните постапки. Иран не негира дека ги поддржува Хутите откако тие ја соборија меѓународно признатата влада на Јемен во 2014 година.
Портпаролот на Хутите, Јахја Сари, го потврди инцидентот и рече дека 10 од борците на групата се убиени или исчезнати. Тој ги повика Јеменците, Арапите и муслиманите да бидат „подготвени за сите опции во соочувањето со американската ескалација“.
Покажувањето на сила на Иран во Црвеното Море се совпадна со посетата на Техеран на Мохамед Абдулсалам, портпарол на движењето Хути и главен преговарач. Во понеделникот тој се состана со претставници на иранското Министерство за надворешни работи по разговорите со Али Акбар Ахмадијан, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, според иранскиот „Нур њуз“ (Nour News).
Во неделата, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан ги осуди, како што рече, двојните стандарди од страна на САД и некои западни влади по телефонскиот разговор со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој го повика Иран да ги заузда Хутите.
„И Израел не треба да дозволи масакр на жени и деца, извршување на геноцид во Газа и подметнување пожари во регионот, но смета дека запирањето на израелски брод во Црвеното Море е закана за безбедноста на овој економски поморски пат“, рече Амирабдолахиан.
Потезите на Техеран во крајна линија одат во прилог на неговата агенда за проектирање моќ и протерување на Вашингтон од регионот, вели Џоел Рејбурн, поранешен американски дипломат и воен офицер.
„Тоа е она што иранскиот режим отсекогаш имал намера да го направи со својата енклава во Јемен“, рече Рејбурн. Иран верува дека може да се етаблира како „голема сила која доминира во регионот и неговите поморски рути“.