Лидерите на една од партиите која е еден од најголемите коалициски партнери во Владата треба добро да размислат, но и да понесат одговорност за насилните постапки на нивните членови и за кадровските политики кои ги форсираат во М-НАВ и во судството е заклучок што неизбежно се наметнува по реакциите на домашната и на меѓународната јавност за случувањата во македонската навигација, но и по отвореното предупредување што изминатава недела стигна од амбасадата на Холандија за катастрофалното назадување на македонските правосудни органи. Овие лидери вобичаено со гордост истакнуваат дека нашата земја е членка на НАТО и дека е кандидат за членство во Европската Унија, а со последните постапки покажаа дека се далеку од вредностите и стандардите на двете организации и дека се подготвени да ги жртвуваат државните интереси за да ги задоволат партиските.
Изминатава недела се покажа и дека освен политичките врски со ЕУ, Македонија е економски многу зависна од Европа. Германското индустриско производство неочекувано се намали нагласувајќи ги веќе подолготрајните постојани производствени проблеми во најголемата европска економија. Тоа има негативно влијание врз надворешно-трговската размена на земјава. Имено, од јули до ноември во 2023 година, има пад на извозот за 5,8 отсто откако порасна во првата половина на 2023 година, а главна причина за тоа е забавувањето на еконосмките активности во ЕУ, која е главен извозен партнер на Македонија, но особено падот на извозот во Германија од 15,2 отсто од седмиот до единаесеттиот месец 2023 година.
Нашата земја ја заврши минатата година со инфлација од 9,4 проценти, а голготата со поскапувањата се чини ќе се провлекува низ цела 2024 година. Една од причината за тоа се притисоците што ги носат изборите, период во кој вообиачено од државната каса се троши повеќе отколку што треба. Всушност, економските аналитичари прогнозираат дека за ниска инфлација ќе треба да почекаме до 2025 година.
Ако на тоа се надоврзат и новите прогнозиза растот на македонската економија на Светската банка, според кои годинава македонскиот БДП ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 година од 2,9 отсто станува извесно дека не очекуваат уште две тешки години. Уште поизвесно е дека Владата ќе продолжи со задолжувањето како главна поткрепа на економските политики, а тоа го покажа веднаш по празниците кога преку аукции на државни хартии од вредност се задолжи над 56 милиони евра.
Од ретките позитивни вести изминава недела, на домашен терен може да се издвои забавувањето на растот на цените на становите на седум проценти во последниот квартал од 2023 година, по дури осум квартали двоцифрен раст. На глобално ниво, пак, како бомба одекна долгоочекуваното одобрување на биткоин ЕТФ фондови што се доживува како можна пресвртница во крипто-светот кој едвај преживеа по неколку последователни катастрофални настани што за малку не предизвикаа целосна недоверба во крипто-средствата.