Апелацискиот суд во Црна Гора ја потврди одлуката дека барањето на Јужна Кореја за екстрадиција на пропаднатиот криптомагнат До Квон има приоритет во однос на таквото барање од САД, каде што обвинителите исто така сакаат да му судат за измама во врска со колапсот на стабилниот коин тера УСД (TerraUSD) „тежок“ 40 милијарди долари.
Според последните информации, екстрадицијата на Квон би можела да се случи уште викендов, кога ќе му истече локалната затворска казна што му е изречена од црногорските власти за користење фалсификувани документи.
Апелацискиот суд ја потврди претходната одлука на Високиот суд, исто така во Подгорица, главниот град на малата држава во која Квон беше уапсен минатата година, откако се обиде да се скрие од судските власти. Високиот суд бил во право што пресуди во корист на Јужна Кореја на почетокот на овој месец, бидејќи прво беше поднесено нејзиното барање за екстрадиција, „а има и други критериуми“ зошто ова барање има приоритет, се наведува во соопштението на судот. Детално објаснување допрва треба да се објави, се истакнува во соопштението.
Прочитај повеќе
Криптобегалецот До Квон ќе биде екстрадиран од Црна Гора
Министерот за правда ќе ја донесе конечната одлука во која земја да го екстрадира Квон
24.11.2023
До Квон може да мине децении зад решетки
Поранешниот криптотитан со нарушен углед, До Квон би можел да го помине поголемиот дел од својот живот во затвор.
08.06.2023
Пред колапсот на фирмата, До Квон им исплатил милиони долари на адвокати
Коосновачот на „Тераформ лабс“ испратил седум милиони долари на водечка јужнокорејска адвокатска фирмa.
15.04.2023
Криптобегалецот До Квон во црногорски затвор чека да дознае кој ќе му суди
Коосновачот на „Тераформ лабс“, До Квон, е во затвор во Црна Гора, но негова крајна дестинација најверојатно ќе бидат САД или Јужна Кореја.
30.03.2023
Ваквата одлука може да се смета за победа на До Квон и неговиот правен тим, кои претпочитаат екстрадицијата да се спроведе во Јужна Кореја, каде што казните се помали отколку во САД. Квон беше уапсен во Црна Гора во март 2023 година поради патување со лажен пасош, а со него беше уапсен и неговиот соработник Хан Чанг-џун, кој минатиот месец беше екстрадиран исто така во Јужна Кореја.
Сепак, дури и ако Квон биде екстрадиран во Јужна Кореја, јужнокорејската влада би можела да постигне договор со САД прво да му се суди во Њујорк. САД би можеле да тврдат дека имаат поголем капацитет да ги запленат средствата на Квон низ светот и да се согласат да ги споделат со Јужна Кореја.