Какви се најновите трендови во индустријата за производство на електрични кабли во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено, анализираме колку може да се потпреме на економски раст базиран на услужниот сектор и кои се замките за Македонија доколку во БДП нема поголем придонес од преработувачката индустрија.
Истражуваме колку чини ангажирањето дадилки за деца наспроти земјите во регионот и дали има тренд на пораст на цената на млекото.
Прашуваме какво наследство има Македонија од СФРЈ односно колку поранешни амбасади и дипломатски претставништва ѝ припаднаа на нашата земја и ги претставуваме првите обиди за креирање вештачка интелигенција на македонски јазик. Анализираме какви се правилата за трошење на јавните пари за време на избори и што покажуваат искуствата од минатите изборни циклуси.
Претставуваме какви се најновите движења на вредноста на акциите на големите технолошки гиганти познати како „Седумте величествени“ и анализираме каква е политиката за дивиденди на компаниите што котираат на Македонската берза.