Геополитичките тензии и големиот број избори низ светот го зголемуваат ризикот инвеститорите да бидат потресени од негативните изненадувања и да ја загрозат финансиската стабилност, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ).
Добро утро, подолу петте вести што ги издвоивме за почеток на денот.
Кој и како прави порно од успехот и како на тоа реагираат Македонците?
Во денешниот онлајн и ултра-поврзан свет, привлечноста на успехот никогаш не била посилна. Од инфлуенсерите на социјалните мрежи кои се фалат со својот луксузен начин на живот до гуруата за саморелизација кои ветуваат тајни за неограничено богатство, феноменот наречен „порно на успех“ (англ. success porn) го преплави нашeто дигитално опкружување.
Терминот „success porn“ е создаден за да се опише распространетата глорификација на успехот, особено во претприемничките кругови и стана сè поприсутен во последниве години. Платформите за социјално вмрежување како Инстаграм (Instagram), Јутјуб (YouTube) и Тикток (TikTok) служат како плодна почва за овој тренд, каде што поединците ги прикажуваат своите достигнувања, материјалните добра и луксизниот начин на живот пред публиката жедна за вакви содржини.
Што прави Македонија додека нејзините деца растат пред екран
Пред две децении се чинеше незамисливо еден рачен уред да биде истовремено телефон, телевизор, банка, продавница, играчка конзола, паричник и книга. Ова е само дел од многуте достапни апликации, кои се прекубројни. Без уредите не може да се замисли секојдневието, но дали поминатото време пред екраните треба да се лимитира и како влијае тоа врз развојот на децата, кои уште во најрана возраст се запознаваат со виртуелниот свет.
Психолозите и педијатрите се согласни дека уредите се неизбежен дел од детството на децата, но времето пред екраните треба да биде ограничено од страна на родителите. Најважна е возраста од која детето треба да биде изложено пред екран, но и содржината што ја гледа, за да нема последици врз развојот.
Недостигот од работници голем проблем за германските компании во земјава
Условите на пазарот на трудот, особено во однос на достапноста на квалификуваниа работна сила и понатаму остануваат еден од најголемите предизвици за компаниите, покажува истражувањето за оценка на деловната клима во земјава, што го спроведоа АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во светот и Македонско-Германското стопанско здружение. Од добиените резултати може да се стекнат сознанија како германските инвеститори ја оценуваат атрактивноста на нашата држава во однос на условите за инвестирање во споредба со земјите од Југоисточна Европа.
„Во однос на оценката на квалитетот кој го нуди Северна Македонија како локација за инвестирање, освен мали промени, немаше поголеми изненадувања. Показателите за инвестиции на компаниите и нови работни места остануваат стабилни, 49 проценти од анкетираните компании ја оцениле моменталната економска состојба во Северна Македонија како добра или задоволна“, информираат од АХК Северна Македонија.
Подем на Адико банка: што ќе добијат новите акционери?
Вредноста на Адико банка која котира на берза во Виена достигна нов рекорд бидејќи регионалните играчи се тркаат за да обезбедат сопственост на австрискиот заемодавач. Ова се случи откако Нова Љубљанска банка (НЛБ) ден претходно објави понуда за преземање на акциите на Адико, што е последна во низата вакви понуди. Да потсетиме, за австриската банка конкурираат двајца српски бизнисмени: Миодраг Костиќ преку „Агри Европа Кипар“ и Давор Мацура, кој ја предводи „Алта Пеј Груп“. „Агри Европа“ има за цел да стекне 17 проценти, а „Алта Пеј“ 29,59 проценти од банката.
„Гледано од поширока перспектива, од втората половина на март оваа година, кога започнаа поинтензивните изрази на интерес за купување акции во Адико Груп, пазарната вредност на компанијата се зголеми од 295 милиони евра на сегашните 390 милиони евра. Тоа е најголемата вредност досега на компанијата која котира на Виенската берза од средината на 2019 година“, велат аналитичарите на „Блумберг Адрија“.
Климатските промени го нарушуваат психичкото здравје
Состојбите како што се деменција, епилепсија и депресија може да се шират и влошат како што светот се загрева.Во една студија, истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон ја анализираа литературата за невронаука за да откријат како екстремните горештини и катастрофите предизвикани од климатските промени влијаат на клучните невролошки болести и нарушувања на менталното здравје.
Тие откриле дека факторите на животната средина не само што влијаат на распространетоста на болеста, туку може да го зголемат ризикот од прием во болница, инвалидитет, па дури и смрт. Влијанието на климатските промени врз здравјето е добро проучено, особено кога станува збор за заразни и респираторни заболувања. Но, тоа, исто така, зема данок за невролошкото здравје.