Какви се најновите трендови во работењето на компаниите кои се дел од индустријата за пиво ќе можете да прочитате во понеделник во новата регионална анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Истражуваме зошто има се помал број огласи за вработување во ИТ индустријата, каде што се забележуваат и зголемен број на откази.
По наглиот пад на вредноста на акциите на „Енвидија“ и големиот број скандали и измами што се случија во светот на криптовалутите, што резултираше со пад на нивната вредност анализираме колку се реални можностите за брзо богатење и колку е одржливо ризичното инвестирање на долг рок. Од ден на ден се зголемува јавниот долг на Македонија, а голем дел од задолжувањето е преку македонските еврообврзници. Поради тоа ги претставуваме најголемите инвеститори во овој вид на хартии од вредност.
Истражуваме како владите во светот ја користат вештачката интелигенција (ВИ) и дали македонската Влада воопшто има некакви планови за нејзина употреба. Истовремено, прашуваме каква е состојбата кај македонските компании во однос на користењето на ВИ.
Со оглед на тоа во изминатиов период имаше нагорна ревизија на цените на пченицата и пченката, анализираме какви се трендовите во производството во Македонија и со колку резерви од овие прехранбени суровини располага нашата земја.