Бројот на основни училишта во Македонија се намалил од 1.042 во учебната 2018/2019 година на 1.000 во учебната 2023/2024 година, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на средни училишта се намалил од 138 на 135.
Добро утро, подолу петте всти што ги издвоивме за почеток на денот.
Купувачите не треба, а го плаќаат данокот за становите: Колку собираат општините?
Купувачите на станови во земјава се соочуваат со два предизвика – освен високите цени за квадратен метар, проблем е и плаќањето на данокот за промет на недвижноста. Во согласност со Законот за даноците на имот, данокот на промет на недвижноста треба да го плати продавачот, освен во случаи кога е поинаку договорено.
Основа за пресметување на данокот „е пазарната вредност на недвижноста во моментот на настанувањето на обврската“. Даночната стапка се движи од 2 до 4 отсто. Сепак, најчесто продавачите се оградуваат од плаќањето на данокот на промет на недвижности и тој паѓа на товар на купувачот, што им наметнува уште неколку илјади евра трошок.
ББА-анализа: Како ќе се движат цените на становите во Македонија и регионот?
На почетокот на 2024 година Хрватска и Србија забележаа двоцифрен раст во градежништвото, додека БиХ и Македонија забележаа мал раст, а растот на Словенија забави, посочуваат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата анализа на градежниот сектор и пазарот на недвижности во земјите од регионот Адрија, објавена на „Блумберг Адрија инсајт“.
„Недостигот од работна сила е значаен проблем, особено во Словенија и во Хрватска, што доведува до зголемена зависност од странски работници“, велат аналитичарите. Според нив, растот на платите ја подобри достапноста на становите во последните неколку години во Србија и Македонија, но ја намали во Хрватска, БиХ и Словенија.
Забавува растот на добивката на македонските банки
Во првиот квартал од 2024 година, банкарскиот систем во Македонија оствари добивка од 4,35 милијарди денари (70,7 милиони евра) , која е повисока за 14,9 проценти во споредба со истиот период од минатата година (кога растот изнесуваше 44,3 проценти), што претставува забавен раст на добивката, соопшти Народната банка во новиот квартален извештај за ризиците во банкарскиот систем.
„Најголем придонес во растот на добивката има повисокиот нето каматен приход, иако неговото зголемување за 23,2 процентизабави споредено со истиот период од минатата година (кога се зголеми за 42,9 проценти)“, наведуваат од Народната банка. Оттаму додаваат дека мал придонес во растот на добивката имаа и нетоприходите од провизии и надоместоци (раст од 7,2 проценти).
Ресторани и барови во Париз што мора да ги посетите месецов
„Париз е секогаш добра идеја“ е цитат од филмот „Сабрина“ (не оригиналот со Одри Хепберн, туку римејкот со Харисон Форд и Џулија Ормонд). Месецов тоа е можеби вистина за многумина. Според сегашниот план, за време на свеченото отворање на Олимпијадата на 26 јули, спортистите ќе продефилираат по Сена со чамци, додека гледачите ќе гледаат од бреговите. Шест километри долгата парада ќе заврши на „Трокадеро“.
Иако лошото време ги загрози планираните проби за големиот настан, прогнозите се дека тоа нема да влијае на самата премиера. Ако вашето патување ве одведе во Париз, еве неколку препораки каде можете да уживате во одлична храна и пијалаци и да се пофалите дека сте биле на местата што се во тренд. Препорачливо е да резервирате сега.
Расте популарноста на суперјахтите, но и нивното влијание врз климата
Суперјахтите се врвен статусен симбол за членовите на кралските семејства, олигарсите и милијардерите: од Џеф Безос до Бернард Арно. Пловечките палати се извор на фасцинација и мистерија - и ефект на стаклена градина. Загадувањето предизвикано од овие луксузни пловила, кои ги користат многу малку луѓе, го натера социологот Грегори Сал да ги нарече форма на „екоцид“ и „забележителна изолација“ во својата нова книга „Суперјахти: луксуз, мир и екоцид“.
Има речиси 6.000 суперјахти, пловни објекти долги над 30 метри, според извештајот на медиумската и пазарната разузнавачка компанија „Суперјахт тајмс“ (SuperYacht Times), објавен претходно годинава. Вкупниот број се зголеми за четири пати во последните три децении.