Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, попладнево соопшти дека е изгаснат пожарот на Галичица. Нови пожари избиле на планината Плачковица и во Општина Илинден, додека реактивиран бил пожарот на пробиштипска територија, кај селото Неокази.
Во текот на август, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава имало вкупно 667 пожари на отворен простор. Меѓу нив дури 98 шумски пожари што повеќето се прошириле и, како што истакна Ангелов, биле тешки за гаснење.
„Денеска заклучно со 13 часот, имаме вкупно 25 пожари на отворен простор и шумски пожари. Од нив, шест се целосно изгаснати, девет се ставени под контрола, додека 10 се сѐ уште активни. Првата добра вест, е, тоа што пожарот на Галичица е целосно изгаснат. Конечниот удар му го зададе дождот што заврна во оваа област“, реќе Ангелов.
Прочитај повеќе
Пожарот на Галичица е под контрола
Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од десет километри, како и пет воздухоплови.
16.08.2024
Повеќедневната борба со огнот на маркантната Галичица е без успех
Граѓани и активисти споделуваат стравотни фотографии од огнот, кој се шири најмногу на две локации.
15.08.2024
Поради пожар во прекин сообраќајот на граничниот премин Богородица-Евзони
Од МВР и од Царинската управа апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин односно да ги користат останатите премини.
17.07.2024
Тој додаде дека пожарот што повеќе од 25 дена гори на територијата на ловиштето „Јасен“ и се движеше кон селото Белица, иако не е изгаснат, е со многу мал обем.
„Се надеваме дека во попладневните часови и таму ќе заврне дожд и целосно ќе биде изгаснат“, дециден беше Ангелов.
Тој информираше дека тежок за гаснење е пожарот на територијата на Општина Долнени, што се движи во насока на село Зрзе и околината. Бидејќи во тамошниот манастир се славел празник, Ангелов апелираше верниците да бидат исклучително внимателни, особено при палење свеќи.
Директорот на ЦУК рече дека постои вознемиреност кај населението во селото Цер, како и на останатите села во околината, бидејќи пожарот што се движи во таа насока, бил голем.
„Таму денеска дејствуваме со 30 професионални војници, седуммина припадници на локалната Противпожарна единица, осум лица вработени во „Национални шуми“ и најмалку триесетина доброволци“, појасни Ангелов.
Големи пожари, како што посочи тој, има и во општините Пласница, Дебар, како и во Долнени кај село Ропотово, каде има два пожара.
„Нов пожар изби предмалку на планината Плачковица, некаде на меѓата помеѓу штипскиот дел и делот на општина Карбинци“, рече Ангелов.
Итно бил упатен еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
„Пожар предмалку изби и на територијата на Општина Илинден, околу Миладиновци или во близина на ‚Окта‘“, додаде Ангелов.