Климатските промени полека, но сигурно ги менуваат годишните времиња, а според прогнозите на метереолозите, Македонија и регионот ги очекува студена зима со температури кои ќе бидат многу пониски од досегашниот просек. Анализираме какви предизвици носи зимата и дали е можно поскапување на струјата.
Со оглед на тоа што околу 80 проценти од кредитната изложеност на македонските банки е во подрачја со висок степен на ризик од природни непогоди, прашуваме какви би биле ризиците по финансискиот систем во случај на несакани настани.
Откриваме што предвидува новата фискална стратегија за периодот 2025-2029 година односно какви се очекувањата за буџетскиот дефицит и колку ќе се задолжува Македонија. Истовремено, даваме можни рамки за буџетот за 2025 година којшто е во фаза на подготовка.
Следиме какви ќе бидат следните чекори на Европската централна банка, којашто следната недела треба да одлучува дали ќе има ново намалување на референтните каматни стапки.
Истражуваме како се движат цените на употребуваните возила на европскиот пазар и во Македонија. Ги претставуваме новите инвестиции на Кина во земјите од регионот кои се членки на Европската Унија.
Анализираме како се движи вредноста на акциите на компаниите кои се дел од индексот МБИ10 односно кои акции бележат раст, а кои опаѓање од почетокот на годината до сега. Прашуваме каков е интересот меѓу македонските граѓани за купување станови и друг недвижен имот во Грција.