Кралот и премиерот на Шпанија вчера го посетија опустошениот град Пајпорта, пет дена по поплавите што однесоа најмалку 211 животи во регионот Валенсија. Но, се чини дека не беше време за посети. Додека кралот Фелипе Шести продолжи да оди и да разговара со преживеаните во поплавите, премиерот Педро Санчез влезе во својот црн автомобил додека демонстрантите го следеа, извикувајќи навреди, удирајќи ги гумите и тропајќи по неговиот прозорец. Разгневената толпа скандираше „убиец“.
Има ли Македонија брани за тешки поплави?
Загрижени од многуте поплави што есенва се случија низ Европа, а кои однесоа голем број жртви, но предизвикаа и штети од сериозно големи размери, анализираме каква е состојбата со браните во земјава, кои треба да се првиот штитник од поплави.
Експертите тврдат дека браните во Македонија се во добра кондиција. Сепак, поголемиот дел брани се постари од половина век, па потребни се редовна контрола и санација. Но браните се само првиот штит од поплави, проблем се и соголените шуми, па водата не се задржува.
Се прелева ли кризата? Извозот за Германија се намали за 380 милиони евра
Стоковната размена со странство бележи значаен пад во септември и споредено со истиот месец лани обемот на трговија е намален за девет отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Пресметано во апсолутна вредност, падот на трговската размена е највидлив со Германија. Имено, во периодот јануари-септември годинава, споредено со истите месеци лани, извозот од Македонија во Германија бележи пад од 13,7 проценти, односно во апсолутна бројка е намален за 380,8 милиони евра.
Кои се најдобри зимски пневматици за автомобили: тест на германски АДАК
Почетокот на зимата е период кога возачите ги менуваат летните пневматици на автомобилите со зимски. За таа цел германскиот автомобилски клуб АДАК (ADAC) ги испитуваше перформансите на 12 бренда на пневматици од типот 205/55 R 16, кои одговараат на пониската средна класа автомобили или таканаречената компактна класа. Со кои модели безбедно ќе ја пребродите студената сезона? Не се препорачуваат сите пневматици со оваа големина. Читајте кои пневматици го поминаа најдобро тестот, а кои траат најдолго.
„Тему“ и „Шејн“ нѐ водат во ера на потрошувачка култура на Тикток
Откако минатата година ги освоија пазарите во САД и во ЕУ, годинава „Тему“ и „Шејн“ тргнаа во голем пробив низ земјите од регионот Адрија. Пробивањето на овие кинески платформи секако претставува предизвик за локалната е-трговија, како и за малите европски продавачи и производители.
Сепак, она што ги разликува „Тему“ и „Шејн“ од „Алиекспрес“ или „Амазон“ е тоа што нивниот пристап воведе нова ера на потрошувачка култура во која купувањето од едноставна набавка се претвора во интерактивна игра, еден вид авантуристичко патување во кое се откриваат производи-сензации за кои клиентот не знае дека постојат, а камоли дека му се потребни.
„Мајкрософт“ воведува вештачка интелигенција во енергетската индустрија
Главната нафтена компанија на Абу Даби за првпат ќе користи агентска вештачка интелигенција - развиена од Еј-ај-кју во соработка со „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) и Г42 (G42) за анализа на огромни количества податоци за да се идентификуваат оперативни подобрувања во енергетската индустрија.
„Мајкрософт“ е меѓу компаниите што работат на агенти со вештачка интелигенција - системи што извршуваат низа задачи без човечки надзор и постигнуваат работи што постојните модели на вештачка интелигенција не можат да ги постигнат.