Водостојот на клучната мерна точка на реката Рајна се искачи вчера и со тоа се ублажува кризата која овој месец го попречуваше енергетското и идустриското производство.
Мерната точка кај Кауб, тесно и плитко место во близина на Франфурт се искачи на 47 сантиметри вчера претпладне, ден порано беше на 35 сантиметри.
На оваа длабочина на товарните бродови им е економично да пловат. Мерната точка треба да стигне на 150 сантиметри до вторник.
Продолжениот период на многу топло и суво време ја исцрпи реката ова лето, попречувајќи го транспортот на стока и енергенси во време кога на регионот му беа најмногу потребни како алетрантива за гасот.
Тоа придонесе на раст на цената на природниот гас до рекорно високо ниво, јакнејќи ја инфлацијата која се заканува да ја турне Германија во рецесија.
Кога нивото на водата на Кауб ќе падне на 40 сантиметри или пониско, за некои од товарните бродови не е исплатливо да го носат товарот низ оваа точка.
Рафинеријата на Шел во Порајна, најголемиот германски комплекс за преработка на нафта, го намали производството овој месец, а Форд Мотор го ограничи товарањето на возилата на бродовите од Келн и ја зачиести испораката како компензација.
Рајна која тече од Швјацарија до Северното море, е клучен воден пат за движење на стоката низ некои од деловите на континентот каде што има најмногу индустрија.
Додека водостоите растат, сепак остануваат ниски во споредба со нормалните стандарди и би можеле да бидат пречка за сообраќајот низ Европа.
Температурите во некои германски градови ќе пораснат до 30 степени или повеќе во текот на следната недела, соошти Максар.