Тајланд даде зелено светло за производителите на инстант-нудли да ги зголемат малопродажните цени за прв пат по 14 години. Властите попуштија на барањата на производителите, кои се борат со континуираниот раст на трошоците за производство.
Дозвола за зголемување на цената на основното покување нудли добија трите најголеми тајландски производители, Foods Pcl, Thai Preserved Food Factory Co. и Wan Thai Foods Industry. Но, поскапувањето ќе биде околу 15 проценти, односно цената ќе порасне за максимум 4 центи од долар, од сегашните 24 центи. И тоа под услов цената да се намали со намалувањето на трошоците.
Инаку, производителите, кои во моментов едвај остваруваат профит, бараа цената да се зголеми за 8 центи. Дел од нив работат и со загуба, бидејќи пченицата и палминото масло, кои се основните суровини за производство на нудлите, значајно поскапеа од почетокот на руско-украинскиот воен конфликт. А, Тајланд не произведува голема количина од тие суровини, па е увозно зависна држава во тој дел.
Инстант нудлите долго време се главен производ за прехрана на домаќинствата со ниски приходи и затоа, како важен продукт, се меѓу производите со контролирана цена од страна на државата.