На уште двајца европратеници им беше одземен имунитетот од кривично гонење во последната ескалација на скандалот со поткупот поврзан со Катар.
Европскиот парламент денеска гласаше за откажување од правната заштита на Белгиецот Марк Тарабела и Италијанецот Андреа Козолино, како одговор на барањето на белгиските власти.
Гласањето следи по истраги и апсења на актуелни политичари, вклучително и поранешната потпретседателка на парламентот, Ева Каили од која беа запленети 1,5 милиони евра (1,6 милиони долари) во готовина како дел од истрагата на белгиската полиција за корупциски скандал во кој се вклучени Европскиот парламент, Катар и Мароко.
Роберта Мецола, претседателката на Парламентот, минатиот месец вети дека ќе го спречи секое недолично однесување, предлагајќи низа нови правила кои имаат за цел да фрлат повеќе светлина врз работата на пратениците и нивните контакти со странски сили, лобисти и други надворешни лица.