Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека најостро ги осудува вчерашните написи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците за време на заседанието по првата точка во бугарското Народното собрание, но и усно пренесени од говорницата за време на истата седница.
„Таквите пораки се спротивни на европските демократски вредности, но и спротивни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот“, наведува МНР.
Во соопштението се посочува дека земјава очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Северна Македонија, како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава.
Прочитај повеќе
Бугарското Собрание го одобри францускиот предлог за С Македонија
Претсдеателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, рече дека ветото сега ќе биде од цела ЕУ
24.06.2022
Ковачевски: Францускиот предлог не е прифатлив за нас
Граѓаните можат да се спокојни, никој не може да ни наметне решение, рече Ковачевски
23.06.2022
Пендаровски го советува Ковачевски да не оди во Брисел
„Мојот совет е ако вака се одвиваат работите, ако Бугарите само вчера доставија пет нови барања … Што ќе правиш во Брисел? Само да се сликаш?“, рече претседателот
22.06.2022
„Министерството за надворешни работи на Северна Македонија врачи соодветна вербална нота со оваа содржина до бугарското Министерство за надворешни работи“, се додава во соопштението.