Илон Маск, во кратки забелешки преку „Твитер спејсес“ ( Twitter Spaces), рече дека предложениот меч во ринг со Марк Закерберг „всушност би можел да се случи“.
Маск, најбогатиот човек на светот, го предизвика извршниот директор на „Мета“ (Meta Platforms Inc.) претходно оваа недела, на што Закерберг одговори со тоа што побара место за мечот. Овој потег доаѓа по навестувањата дека „Мета“ ќе лансира потенцијален ривалски сервис на Твитер.
„Сè уште не сум почнал да тренирам“, рече Маск, извршен директор на „Тесла“ (Tesla Inc.)во преписката преку „Твитер спејсес“ со вишиот известувач на „Блумберг“, Ешли Венс. „Ако дојде до тоа, ќе тренирам“.
Прочитај повеќе
Маск го предизвика Закерберг на борба во ринг
Маск, кој го купи „Твитер“ во октомври, ја поттикна идејата како одговор на плановите на „Мета“ да воведе конкурентна услуга.
22.06.2023
Двајцата милијардери објавите ги споделија на нивните социјални мрежи, Маск го упати повикот на Твитер, а Закерберг одговори на Инстаграм. Размената е во склад со вообичаениот провокативен онлајн стил на Маск - тој претходно го предизвика Владимир Путин на борба за инвазијата на Украина - но овој случај е невообичаен затоа што неговиот колега од „Мета“,обично е порезервиран.
„Го трошам времето според потребите “, додаде Маск. „Обично не морам да се борам со луѓето“.