Германија треба да генерира повеќе енергија од обновливи извори за да ја намали својата зависност од увоз на фосилни горива и да се справи со очекуваниот недостиг на гас, изјави канцеларот Олаф Шолц.
Енергетската сигурност ќе биде проблем во следните недели, месеци и години, вели тој во видео пораката објавена денеска.
Германија гради терминали за течен гас, собира повеќе гас во системите за складирање и го зголемува користењето на електраните на јаглен за да ја намали зависноста од руските горива за време на растот на цената на енергијата и заканите за запирање на дотокот.
Прочитај повеќе
Германски гигант преговара за државна помош од девет милијарди евра
Германската влада подготвува закон за да може да преземе акции во енергетските фирми
05.07.2022
Во Германија прв трговски дефицит, македонскиот извоз таму паѓа
Се зголемува увозот, а се намалува извозот кон Германија
04.07.2022
Северен тек, втор Леман Брадерс: Германија е пред колапс
Предупредување од првиот човек на Германската федерација на синдикати
03.07.2022
„Дојче банк“: Ризик од рецесија поради прекинот на гасот
Најголемата европска економија е една од најзависните од рускиот гас
30.06.2022
Шолц го спореди растот на цените со инфлациската криза во 1960 и 70 – тите години. Неговата Влада веќе подготви пакет за помош вреден повеќе од 30 милијардии евра кој вклучува и укинување на дополнителните надоместоци за струја, поевтинување на картите за јавен превоз и едократни исплати од 100 евра за секое дете и 300 евра за секој обврзник на персонален данок.
Германија ќе биде „климатски неутрална, економски силна индустриска нација“, велли Шолц.