Канада се согласи да ја врати турбината за гасоводот Северен поток во Германија издавајќи времена и отповиклива дозвола за исклучок од санкциите кон Русија.
Одлуката е донесена и покрај забелешките на украинската влада и бројната украинска дијаспора во Канада кои сметаат дека враќањето на турбината што овозможува употреба на гасоводот, ќе го ублажи ефектот од санкциите.
Германските власти бараа од Канада да дозволи извоз на турбината која се наоѓа таму на ремонт, плашејќи се дека Русја би можела да ја искористи ситуацијата за целосно да го затвори дотокот на гас низ Северн Поток и да ја оневозможи Германија да создаде доволно залихи за зимата.
Канадскиот министер за природни ресурси, Јonathan Wilkinson рече дека дозволата е издадена по детални разговори со „европските пријатели“ и со Меѓународна агенција за енергија.
„Канада ќе издаде временски ограничена и отповиклива дозвола за Сименс Канада да ги врати од ремонт турбините за Северн Поток во Германија. Заради недоволно снабдување со гас на германското стопанство му се закануваат големи тешкотии и германските жители со во опасност дека нема да можат да ги загреат домовите следната зима“, вели Вилкинсон.
Турбините се производство на Сименс, пратени се во Монтреал на ремонт и останаа таму заради санкциите кон Русија.
Канада вчера соопшти дека ќе ги прошири санкциите кон Русија на инустриското производство. Тие ќе се однесуваат на копнениот и цевководен транспорт и на производството на метали како и на транспортна, компјутерска, електронска и електрична опрема и машини.
Комапниите имаат 60 дена да ги завршат договорите со руските партнери во овие области.