Џо Бајден денеска патува во Израел, со високи тензии по експлозијата во болница во Газа, при што загинаа стотици луѓе и ги натера арапските лидери да го откажат самитот со американскиот претседател.
Хамас и Израел разменија обвинувања за тоа кој е виновен за експлозијата што ќе ги искомпликува напорите на САД за зауздување на конфликтот. Бајден рече дека е „огорчен и длабоко тажен“ и дека побарал од „својот тим за национална безбедност да продолжи да собира информации за тоа што точно се случило“. Цената на нафтата порасна.
Хамас - прогласен за терористичка организација од САД и од Европа - вели дека експлозијата е резултат на израелски воздушен напад, додека израелската армија соопшти дека болницата била погодена во неуспешен ракетен напад од страна на палестинските милитанти. Антиизраелски протести избувнаа во неколку поголеми градови низ регионот.
Прочитај повеќе
Бајден ќе допатува во Израел, цената на нафтата расте
Состојбата се заострува по експлозијата во болница во Газа вчера
18.10.2023
Кои се економските ризици од судирот меѓу Хамас и Израел?
Цената на нафтата ќе се движи меѓу 85 и 90 долари за барел.
17.10.2023
Тајната мрежа на тунели на Хамас проблем за израелската офанзива
Иако Хамас не може да се носи со технолошката софистицираност на израелската армија, милитантната група има многу необична предност...
16.10.2023
Војната на Блискиот Исток може да ја доведе светската економија во рецесија
Војната има потенцијал да ја наруши светската економија
14.10.2023
Што е Хамас - историја на милитантната група што го нападна Израел
Со еден потег, нападот на Хамас врз Израел ги преуреди регионалните приоритети во скора иднина.
10.10.2023
Жестокиот напад врз Израел го става Иран во центарот на вниманието
Најновиот напад врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас го обнови фокусот на светот кон војната во сенка.
09.10.2023
Министерството за здравство во Газа соопшти дека во експлозијата во болницата на територијата под контрола на Хамас загинале најмалку 500 луѓе.
Саудиска Арабија, Турција, Египет и Обединетите Арапски Емирати се меѓу земјите што го осудија нападот и го обвинија Израел за тоа. Пентагон соопшти дека нема информации веднаш за тоа кој е одговорен.
Експлозијата ризикува да ја попречи драматичната посета на Бајден на регионот погоден од војната. Предложениот самит меѓу американскиот претседател, јорданскиот крал Абдула Втори, претседателот на палестинската управа Махмуд Абас и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси беше откажан.
Израелските одбранбени сили им наредиле на жителите на Газа да се преселат во хуманитарната зона во областа Ал-Маваси, која се наоѓа јужно од долината на Газа, каде што ќе биде насочена меѓународна помош во случај на потреба.