Иранскиот претседател Ебрахим Раиси соопшти дека воените дејствија на Израел во Појасот Газа ги преминале „црвените линии“ и дека ќе вовлечат други во конфликтот.
„Вашинтон бара од нас да стоиме настрана, но тие продолжуваат да му даваат широка поддршка на Израел. САД испратија пораки до Оската на отпорот, но добија јасен одговор на бојното поле“, напиша Раиси на социјалните мрежи.
Под „Оска на отпорот“ тој мисли на силите на Блискиот Исток кои имаат поддршка од Иран, меѓу кои е и палестинската Хамас.
Прочитај повеќе
Нема Блицкриг во Газа, Израел очекува долга војна
„Копнената офанзива на Израел во Газа не е „целосен напад“ како што многумина очекуваа“, рече Амос Јадлин, поранешен директор на израелското воено разузнавање.
29.10.2023
Израел ги засили копнените операции во Газа
Армијата соопшти дека нема жртви, додека Хамас тврди дека нанеле „тешки загуби“ на израелските трупи и опрема
28.10.2023
Бајден и саудискиот принц бараат решение против разгорување на конфликтот во Израел
Целта е да се спречи ескалација на судирот меѓу Хамас и Израел, како и можноста да се вовлечат повеќе земји и групи во конфликтот.
25.10.2023
На воено барање запрени услуги на „Гугл Мапс“ во Израел и Газа
Барање на израелската војска пред потенцијалната копнена инвазија во Газа.
24.10.2023
Газа за првпат добива хуманитарна помош
Хуманитарна помош почна да пристигнува во Газа од Египет, за првпат по избивањето на војната меѓу Израел и Хамас.
21.10.2023
Водич за разбирање на суштината на конфликтот меѓу Израел и Хамас
Арапите и Евреите кои живееле во Светата земја биле под Отоманската империја до крајот на Првата светска војна.
21.10.2023
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан во интервју за телевизијата „Блумберг“ пред два дена предупреди дека ќе се отворат нови фронтови против САД доколку продолжат со недвосмислена поддршка за Израел.
Тој негираше дека Иран им наредил на групите во Сирија и Ирак да ги таргетираат американските сили во последните денови и рече дека Вашингтон, а не Техеран, го поттикнува насилството откако милитантите на Хамас убија околу 1.400 луѓе во напад врз Израел, на што израелските сили одговорија со воздушни напади.
„САД ги советуваат другите да покажат воздржаност, но тие целосно застанаа на страната на Израел“, рече Амирабдолахиан во интервјуто за телевизијата „Блумберг“ од мисијата на Иран во Обединетите нации во Њујорк. „Ако САД продолжат со она што го правеа досега, тогаш ќе се отворат нови фронтови против САД“.
„Би сакал да предупредам токму тука дека продолжувањето на ситуацијата, продолжувањето на убиствата на луѓето во Газа - жени и деца - ќе направи ситуацијата да излезе од контрола во регионот“, рече тој. „Американската страна треба да одлучи - дали навистина сака да ескалира, да ја интензивира војната?
Амирабдолахиан зборуваше помалку од еден ден откако САД соопштија дека извршиле воени напади врз два сириски објекти поврзани со Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран, кои биле користени за напади против американските трупи во регионот. Американските власти рекоа дека немаат докази дека Иран експлицитно ги наредил тие напади, но го сметаат Иран за одговорен бидејќи ги поддржува групите што ги извршиле.
Тој рече дека групите што ги напаѓаат американските сили во Сирија и Ирак дејствуваат независно и дека не добиле насока од Техеран.
Со помош на Аин Марлоу, Аугустава Саравиа и Манус Грени (Блумберг)