Бугарија дозволи пристап до нејзиниот воздушен простор за присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Северна Македонија, е објавено на терминалот на „Блумберг“.
Бугарскиот воздушен простор, како и поголемиот дел од Европа, е затворен за руски авиони како дел од санкциите на ЕУ воведени минатата година како одговор на воената операција на Москва во Украина.
Веста дека воздушниот простор ќе биде отворен за летот на Лавров, за руската новинска агенција ТАСС ја пренесе руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, на 27 ноември.
Прочитај повеќе
Лавров доаѓа во Скопје, Бугарија дозволила прелет?
Рускиот министер за надворешни работи изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор.
27.11.2023
Министерствата за надворешни и одбрана ќе одлучат за слетувањето на Лавров
Преку надополнета одлука, Владата им пренесе овластување на надлежните министерства сами да можат да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување.
24.11.2023
Османи: Процедурата за доаѓањето на Лавров во Скопје е почната
Во санкциите за Русија, за меѓународни организации како што е ОБСЕ е дозволен прелет, вели министерот.
14.11.2023
„Добивме позитивен одговор на нашата нота за летот на авионот на Лавров низ бугарскиот воздушен простор. Бугарското МНР официјално нè извести дека на нашиот министер му е дозволено да лета во воздушниот простор на земјата“, рече Митрофанова.
Претходно на 27 ноември Лавров ја изрази својата намера да присуствува на претстојниот состанок на ОБСЕ во Скопје доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор за руска делегација, објави „Раша тудеј“.
Лавров ги потврди своите планови за време на форум во Москва.
„Ако напорите успеат, ќе бидеме таму“, изјави Лавров, нагласувајќи ја тековната надеж за „спас“ на ОБСЕ како платформа за конструктивен дијалог.
Сепак, тој изрази скептицизам за организациите што ги смета за „доминирани од САД и нивните сојузници“, вклучувајќи ги НАТО, ЕУ, Г7 и Советот на Европа.
Лавров тврди дека платформите како Советот на Европа и ОБСЕ, првично дизајнирани за меѓусебно почитување и европски дијалог, еволуирале во „додатоци на ЕУ и на НАТО“ што спроведуваат самоуслужни политики.
Шефот на службата за надворешна политика на Европската комисија, Петер Стано, појасни дека дозволувањето на руски авион да ја премине територијата на ЕУ за состанокот на ОБСЕ нема да ги прекрши санкциите.
На Лавров претходно му беше забранет влезот во ЕУ за самитот на ОБСЕ во Лоѓ, Полска, поради забраната на Варшава за руските функционери санкционирани од ЕУ.