Израел и Хамас се согласија да го продолжат примирјето за најмалку уште еден ден, што би овозможило ослободување на повеќе заложници што ги држи милитантната група во Газа.
Катар, главниот посредник во разговорите меѓу завојуваните страни, соопшти дека неговите напори да посредува за траен прекин на непријателствата продолжуваат.
Заливската држава беше во можност, заедно со САД и со Египет, да посредува во првичниот договор за примирје што стапи во сила на 24 ноември.
Прочитај повеќе
Водич за разбирање на суштината на конфликтот меѓу Израел и Хамас
Арапите и Евреите кои живееле во Светата земја биле под Отоманската империја до крајот на Првата светска војна.
21.10.2023
Што е Хамас - историја на милитантната група што го нападна Израел
Со еден потег, нападот на Хамас врз Израел ги преуреди регионалните приоритети во скора иднина.
10.10.2023
Израелската војска потврди дека прекинот на огнот ќе продолжи и по ова утро, без да даде временска рамка. Хамас исто така го потврди продолжувањето. Најавите дојдоа неколку минути пред да истече примирјето во 7 часот по локално време.
„Во светло на напорите на посредниците да го продолжат процесот на ослободување на заложниците и под условите на рамката, оперативната пауза ќе продолжи“, се наведува во објавата на израелските одбранбени сили на X.
Во средата Хамас ослободи 10 заложници - пет деца и пет жени, вклучувајќи и двојни државјани на САД, Германија и на Холандија. Израел ослободи 30 Палестинци од затвор. Во посебен договор, Хамас пушти четворица тајландски и двајца руско-израелски државјани.
Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен е во Тел Авив на своето трето патување по нападот на 7 октомври, во кој Хамас уби 1.200 луѓе и зароби повеќе од 240.
Додека дипломатските напори се фокусирани на постојан прекин на огнот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јасно стави на знаење дека неговата земја сака „да се бори докрај“. Земјата постојано вели дека нејзината цел е да го уништи Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од САД и од Европската Унија.
„Нема ситуација во која не се враќаме на борба докрај“, рече Нетанјаху во средата. „Целиот безбедносен кабинет стои зад тоа. Целата влада стои зад тоа. Војниците стојат зад тоа. Народот стои зад тоа. Ова е токму тоа што ќе го направиме“.