Кандидатката за претседателка номинирана од Републиканската партија, Ники Хејли, победи на партиските прелиминарни избори во сојузната држава Вашингтон, забележувајќи ја првата победа во претседателската кампања годинава.
Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација Доналд Трамп вчера го доживеа првиот пораз на партиските прелиминарни избори.
Хејли ги освои гласовите на сите 19 делегати во Вашингтон.
Прочитај повеќе
Трамп ја победи Хејли во нејзината матична држава
Трамп ја водеше Хејли со повеќе од 20 процентни поени на околу 60 отсто преброени гласови
25.02.2024
Путин вели дека предвидливиот Бајден е подобра опција за Русија отколку Трамп
Владимир Путин ги даде своите први јавни коментари за американските претседателски избори.
15.02.2024
Трамп е подобар избор за американската економија, покажува анкета на „Фајненшл тајмс“
Повеќе Американци веруваат дека Доналд Трамп може да ја подобри нивната економија отколку сегашниот претседател Џо Бајден.
11.02.2024
Таа рече дека ќе остане во трката за републиканска номинација барем до прелиминарните избори во вторник во 16 американски држави.
Портпаролката на Хејли, Оливија Перез-Кубас, истакна дека Хејли станала првата жена што победила на републикански прелиминарни избори.
Досега во тековната кампања Трамп има поддршка од 244 делегати, додека Хејли има поддршка од 43 делегати. На кандидатот му е потребна поддршка од 1.215 делегати за да ја добие републиканската номинација.