Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден може да се врати од својата лоша дебата минатата недела, додавајќи дека нема потреба тој да ги докажува своите когнитивни способности.
„Тој знае како да се врати“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Таа додаде дека медицинскиот тим на Бајден претходно соопштил дека когнитивен тест за Бајден (81) „не е потребен“.
Прочитај повеќе
Бајден побара доверба од богатите донатори во елитната населба Хемптонс
Претседателот пред донаторите со длабок џеб вети дека ќе се држи до кандидатурата за реизбор.
30.06.2024
Трамп: Кај Бајден не се проблем годините, туку неговата способност
„Победивме човек кој навистина сака да ја уништи нашата земја“, рече Трамп во однос на исходот од дебатата.
29.06.2024
Дали демократите може да го заменат Бајден со друг кандидат?
Демократите имаат начини да го заменат Бајден во претседателската кандидатура по катастрофалната дебата.
29.06.2024
Лошиот настап на Бајден во дебатата со Трамп фрла голема сенка врз неговиот реизбор
Уморниот претседател изгледаше како да му тежи секој ден од неговите 81 година.
28.06.2024
Претходно, американскиот претседател го обвини џетлегот за лошиот настап на минатонеделната дебата. Тој им рече на новинарите дека „не постапил многу паметно“ затоа што „летал неколкупати“ пред дебатата.
„Не го слушав мојот персонал… а потоа за малку ќе заспиев на подиумот. Тоа не е изговор, тоа е објаснување“, изјави Бајден за време на вчерашната посета на Вирџинија, осврнувајќи се на своите патувања.
Тој се извини за настапот и истакна дека за него е исклучително важно да победи на изборите.
Бајден патуваше во Европа двапати за две недели во јуни пред телевизиската дебата. Тој, забележуваат медиумите, последен пат се врати од патување на 15 јуни, што е речиси две недели пред дебатата на 27 јуни.