Иранската воена ракетна единица спроведува вежби во близина на границата со Ирак за „да ја подобри борбената готовност“ на своите сили во областа, објави државната новинска агенција на Исламската Република (ИРНА).
Вежбите беа потврдени откако локалните жители пријавија дека слушнале неколку експлозии. Тие доаѓаат во време кога тензиите со Израел се разгоруваат поради војната во Газа и атентатот на лидерот на Хамас во Техеран на 31 јули.
Вежбите започнаа во петокот во близина на пограничните градови Касреширин и Гиланегарб во западната провинција Керманшах и ќе продолжат до вторник, објави ИРНА, цитирајќи официјален претставник на провинцијата.
Прочитај повеќе

Иран вети дека ќе го казни Израел на „легитимен, решителен“ начин
Иран ја повтори решеноста да го казни Израел за атентатот врз лидерот на Хамас
11.08.2024

Хамас го назначи својот нов лидер, Израел повика на негова елиминација
Јахја Синвар е новиот лидер на палестинското исламистичко движење Хамас.
07.08.2024

Иран вели дека ќе го казни Израел, но сака да избегне тотална војна
Иран сигнализираше дека сака да избегне целосна војна со Израел, иако се закани дека ќе се одмазди за минатонеделниот атентат на еден од главните луѓе на Хамас.
05.08.2024

Израел очекува напад од Иран
Нападот би можел да се случи во следните 24 до 48 часа
05.08.2024

Иран го предупреди Израел да не се впушта во „нова авантура“ во Либан
Во ракетен напад врз фудбалски стадион загинаа 12 млади.
28.07.2024