На вчерашните парламентарни избори во Австрија победи ултрадесничарската Слободарска партија (ФПО), освојувајќи околу 29 проценти од гласовите.
На изборите гласале 6,3 милиони граѓани (78 проценти), а во кампањата доминираа прашањата за миграцијата и азилот, за економските проблеми и за војната во Украина.
Според освоените гласови, ФПО би требало да има 56 од вкупно 183 пратеници, додека конзервативците би добиле 52, а социјалдемократите 41 пратеничко место.
Прочитај повеќе
Шокантна победа на екстремната десница во Холандија
Екстремно десничарската холандска Партија на слободата освои најголем број парламентарни претставници на изборите во средата.
23.11.2023
Жестока борба во Франција за пратенички места
Апсолутно мнозинство за Националното обединување ќе му го отстапи премиерското место на Бардела.
02.07.2024
Мигрантите ќе бидат во фокусот на изборната кампања во Германија
Германскиот канцелар Шолц започна предвремена изборна кампања против конкурентот Мерц
11.09.2024
Налет на десничарите на регионалните избори во Германија, нови грижи за Шолц
Владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц беше казнета на двата регионални изборa во источна Германија во неделата.
02.09.2024
Германија не може да си дозволи да им го сврти грбот на мигрантите
Земјата направи напори за пофалба да интегрира нови жители, но плати висока цена за својата хуманост.
29.08.2024
Но дали ФПО ќе најде партнер за формирање стабилна коалиција останува отворено прашање, бидејќи лидерите на партиите не се расположени за соработка со партија со нацистичка идеологија.
ФПО е формирана во 50-тите години од минатиот век од поранешни членови на СС и други нацистички ветерани, а предизборната кампања беше насочена кон странците, при што партијата се обврза да изгради „тврдина Австрија“ за да ги спречи мигрантите.
Лидерот на ФПО, Херберт Кикл, им вети на гласачите дека ако му ја дадат победата, тој ќе служи како нивен Волксканцелар (Volkskanzler) или народен канцелар, прекар што го користел Адолф Хитлер.
Иако ФПО го минимизира своето нацистичко минато и се обидува да се прикаже себеси како алтернатива против естаблишментот на мејнстрим десницата и левиот центар, таа постојано користи антисемитски фашистички пароли.
Победата на ФПО наиде на воодушевување кај европските десничарски партии.
Лидерката на француската партија Национално обединување, Марин Ле Пен, на платформата X напиша: „По изборите во Италија, Холандија и во Франција, овој бран, кој ги поддржува одбраната на националните интереси, зачувувањето на идентитетот и воскреснувањето на суверенитетот, насекаде го потврдува народниот триумф“.
Победата на ФПО за лидерот на германската десничарска Алтернатива за Германија (АфД), Бјерн Хоке, е сензација.
„Победата на ФПО не е само победа за Австрија - таа ги надминува границите на таа алпска република и е добар знак за напредок за цела Европа“, објави Хоке на Х.
Холандскиот националист Герт Вилдерс, пак, чија Партија на слободата (ПВВ) ја предводи холандската влада, на Х објави: „Ние победуваме! Времињата се менуваат! Идентитет, суверенитет и слобода. И нема повеќе илегална имиграција или азил, по што копнеат десетици милиони Европејци!“
На Фејсбук се огласи и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, кој напиша: „Каков викенд! По Чешка, уште една победа за патриотите преку границата… Без војна, без миграција и без родова пропаганда!“