Кремљ потврди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп додека бил на функцијата му испратил уреди за тестирање од ковид-19 на рускиот претседател Владимир Путин, во екот на пандемијата, како што е опишано во новата книга на новинарот Боб Вудворд.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во средата изјави дека тестовите биле испратени, но ги негираше тврдењата во книгата дека двајцата лидери разговарале телефонски неколкупати откако Трамп ја напуштил функцијата.
„Ние исто така испративме опрема на почетокот на пандемијата“, наведе Песков во писмен одговор на прашање за книгата. „Но за телефонските повици - не е точно“.
Прочитај повеќе
Трамп продава часовници од 100.000 долари. Вреди ли да се купат?
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на својата платформа „Трут сошл“ (Truth Social) објави дека започнува продажбата на официјалната Трамп колекција на часовници.
01.10.2024
Камала Харис го навлече Трамп на дебата под нејзини услови
Камала Харис својата дебатна стратегија во вторникот вечер ја засноваше на провоцирање на Доналд Трамп.
11.09.2024
Криптопроект на Трамп треба да обезбеди доминација на доларот
Проектот за криптовалути што го промовираат Доналд Трамп и неговите синови почнува да се оформува.
06.09.2024
Харис ќе потроши 370 милиони долари на дигитални и телевизиски реклами
Кампањата овој викенд пласираше ТВ резервации од 170 милиони долари, што е надополнето со дигиталните резервации од 200 милиони долари.
18.08.2024
Книгата на познатиот новинар од славниот Вотергејт посочува дека Трамп, додека бил претседател во 2020 година, тајно му испраќал уреди за тестирање „Абот ковид“ (Abbott Covid) на Путин кога уредите биле дефицитарни, според „Си-ен-ен“ (CNN).
Во изјава претходно во вторникот, кампањата на Трамп ги отфрли обвинувањата, велејќи дека „ниту една од овие измислени приказни на Боб Вудворд не е вистинита“ и го обвини новинарот за пристрасност.
„Претседателот Трамп не му даде апсолутно никаков пристап за оваа книга што припаѓа или во кантата за џабе или во делот за фикција на книжарниците или, пак, може да се користи како тоалетна хартија“, напиша во изјава Стивен Чеунг, директор за комуникации во кампањата на Трамп.
Американската потпретседателка и актуелна демократска претседателска кандидатка Камала Харис се обиде да профитира од известувањето за книгата.
„Тоа е само најновиот остар пример за тоа кој е Доналд Трамп“, рече Харис во вторникот во интервјуто за шоуто на Хауард Стерн.
Потпретседателката рече дека луѓето „се мачеле да дојдат до тие уреди“ за време на пандемијата, додавајќи: „И овој човек, кој е претседател на САД, ги испраќа во Русија, кај диктатор убиец, за негова лична употреба?“
„Верувам дека Доналд Трамп има желба да биде диктатор“, рече Харис. „Тој им се восхитува на силните мажи, но тие го изигруваат затоа што мисли дека се негови пријатели, па целосно го манипулираат со ласкање и со наклонетост“.
Претседателот Џо Бајден исто така го критикуваше Трамп поради извештајот за време на собирањето средства за демократскиот сенатор Боб Кејси од Пенсилванија во вторникот вечер.
„Тие тестови за ковид беа дефицитарни, па тој го побарал својот добар пријател Путин, не на шега, за да се увери дека ги добил тестовите“, рече Бајден. „Што не е во ред со овој човек?“
Односот на Трамп со Путин е на нишан на демократите, вклучувајќи ги и Харис и Бајден, кои сакаат да го прикажат републиканскиот претседателски кандидат како премногу наклонет кон диктаторите и како закана за безбедноста на САД и нивните сојузници.