Гласав на денешните Претседателски избори во САД и како и сите Вие очекувам да видам кој ќе победи што значи дека заедно ќе продолжиме да следиме што ќе се случи, истакна денеска во Скопје американската амбасадорка, Анџела Агелер.
„Како амбасадор во Македонија мојата порака е дека е од витална важност секој граѓанин да излезе да гласа. Гласањето во демократијата е света одговорност и огромна привилегија. Јас гласав. Се надевам и очекувам дека ќе има мирна и фер транзиција на власта. Тоа е она што го очекуваме сите и се надеваме дека така и ќе биде“, рече Агелер во изјава за медиумите за коментар за нејзините очекувања од денешните Претседателски избори во САД, дадена на паузата на Конференцијата на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа, што денеска беше отворена во Скопје во организација на ОБСЕ.
Таа одби да ја коментира изјавата што неодамна ја даде Стејт Департментот дека е можно САД да биде медијатор во нашите преговори со Бугарија за продолжување на европската агенда, по конституирањето на новата бугарска Влада.
Прочитај повеќе
Трамп наспроти Харис: Во какво утро ќе се разбудиме
Со оглед на блиската трка помеѓу кандидатите, треба да се потенцира дека можеби нема да откриеме кој ќе се пресели во Белата куќа утре во 6 часот.
05.11.2024
Трамп или Харис: Каква ќе биде валутната политика?
Американските гласачи денеска ќе изберат нов претседател, какво влијание би имале Камала Харис и Доналд Трамп на валутниот пазар?
05.11.2024
Избори во САД: Се буди стравот кај инвеститорите
Што ги движи приносите и што ќе донесат Доналд Трамп или Камала Харис по претседателските избори.
05.11.2024
Граѓаните на САД денеска избираат нов шеф на државата, а битката се води меѓу поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и кандидатката на владејачките демократи, Камала Харис.
Повеќе од 82 милиони луѓе веќе гласаа. Кампањата беше жестока и одбележана со бројни пресврти, со два обида за атентат врз Доналд Трамп и смена на претседателскиот кандидат на Демократската партија - наместо досегашниот претседател Џо Бајден беше избрана потпретседателката, Камала Харис.
Избирачките места се отворени во повеќе од 20 држави на истокот на САД, од вкупно 50 каде што ќе се отвораат постепено поради временската разлика.
Резултатите од анкетите покажуваат дека кандидатите се речиси изедначени, додека водечките светски обложувачници мала предност му даваат на Трамп, претседателот на САД од 2017 до 2021 година.