text size
„Балканскиот економски форум е една нова инцијатива што треба да каже која е моќта за справување со која било криза и како да излеземе од турбулентен период“, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, во гостувањето на Блумберг Адрија ТВ, за време на форумот што се одржува во Скопје. Според него, регионот мора да се насочи кон регионалната конкурентност наместо регионалната конкуренција.