text size
Директорот на хрватскиот Завод за вработување, Анте Лончар изјави дека најголем дел од странските работници на хрватскиот пазар се од БиХ, од кои има околу 30 илјади, а потоа од Србија. Тој додаде дека потоа следат работници од Блискиот Исток и посочи дека и покрај растот на бројот на украинските бегалци, бројот на вработени Украинци останал речиси ист како и пред почетокот на војната. Македонците се четврти на списокот најбројни работници во Хрватска.