text size
Директорот на Царинската управа Стефан Богоев и неговиот српски колега Бранко Радујко денеска потпишаа меморандум за признавање на белешките од мерење на царинските терминали таканаречени кантарски белешки помеѓу двете земји. Од 1 февруари, македонските компании што увезуваат или извезуваат во Србија и обратно, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш. Истото ќе се однесува и за стоки кои транзитираат низ двете држави, соопшти Царинската управа.