text size
По речиси една година преговори, прекини и политички пресврти, Европската Унија конечно стави потпис на трговскиот договор со САД. Со него засега се избегнува нова рунда царини што ја најавуваше Доналд Трамп, но договорот не значи дека трговската војна е завршена. Металите, технологијата и дигиталните правила остануваат следните точки на судир меѓу Брисел и Вашингтон.