Анализираме какви се најновите трендови кај акциите на европските компании наспроти американските и кои се поотпорни на турбуленциите што периодов ги предизвика трговската војна што ја наметна администрацијата на САД предводена од Доналд Трамп.
Истражуваме колку е развиен бизнисот со употребувана облека во Македонија, дали во нашата земја има таканаречен личен брендинг, но и дали афионот полека се враќа на македонските полиња.
Анализираме дали платите сѐ уште растат, во кои сектори и како тоа влијае врз инфлацијата. Откриваме колку нови хотели се изградени во Македонија и зошто е привлечен овој бизнис.
Со оглед на тоа што ЕЦБ продолжи да ги намалува каматите, а Народна банка на последниот сосотанок пат паузираше, прашуваме што може да се очекува на следниот состанок на кој НБМ ќе одлучува за насоките во монетарната политика.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...