Анализираме кои компании од Македонската берза ги зголемија дивидендите, а кои ги намалија или ги оставија на исто ниво како и претходната година. Истовремено, откриваме какви се нивните резултати во првиот квартал од годинава.
Со оглед на тоа што истекоа владините мерки за ограничување на маржите во малопродажбата на прехранбените производи истражуваме дали има промени кај цените на основните продукти. Правиме и споредба на цените на различни производи во поголемите маркети.
ММФ и Светска банка ги намалија прогнозите за македонскиот БДП во 2025 година. Анализираме што значи тоа за буџетот и јавниот долг и прашуваме дали се подготвува ребаланс. Ги презентираме најновите трендови во енергетскиот сектор во Македонија.
Во пресрет на летото истражуваме колку сме подготвени за заштита од пожари и каква е понудата на летни туристички аранжмани.