Празничната недела ќе ја почнеме со прогнози за македонската економија. Тие се движат од силен оптимизам, до умереност.
Нашиот аналитички тим ќе подготви серија прогнози за движењето на цените на суровините. Некои од нив во 2025 година завршија на рекордни нивоа.
Населението во регионот Адрија старее и доаѓа период на стогодишниците. Ќе анализираме и како тоа ќе се одрази на каматните стапки.
Ќе потсетиме и на нештата што државата не си исполни, а требаше. Воведувањето на јаглеродната давачка е едно од тие нешта. Брисел излезе во пресрет на барањата на автоиндустријата, но во секторот и натаму има незадоволство. Ќе провериме зошто. Ќе анализираме и кој ја сфати одржливоста сериозно, а кој ја отпиша пред време.