text size
Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка на последната седница одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од четири проценти. Од НБРМ информираа дека задржувањето на внимателниот пристап при водењето на монетарната политика произлегува од потребата за стабилизирање на инфлацијата близу до долгорочниот просек, од динамичната кредитна активност, домашните политики коишто влијаат врз побарувачката, како и од присутните надворешни ризици поврзани со тековната неизвесност во светските трговски политики и геополитички тензии.