Упатувајќи се на блескавиот Светски економски форум (СЕФ) во Давос, сметаме дека тоа би било совршено место за многу од најголемите договори кои се во подготовка меѓу европските заемодавци да ја видат светлината на денот.
На пример, постои понуда од страна на ББВА (BBVA) за преземање на нејзиниот помал ривал „Банко де Сабадел“ (Banco de Sabadell SA). Или понудата на „Уникредит“ (UniCredit SpA) за нејзиниот домашен конкурент „Банко БПМ“ (Banco BPM SpA), како и нејзиниот сè поголем интерес за германската „Комерцбанк“ (Commerzbank AG).
Прочитај повеќе
Обидот за преземање од „Уникредит“ е непријателски, велат од „Комерцбанк“
„Комерцбанк“ ја засили реториката против пристапот на „Уникредит“, дополнително комплицирајќи ја ситуацијата за италијанската банка.
23.01.2025
Банкарите во Давос ја гледаат дерегулацијата на Трамп како ветер во грб
На Светскиот економски форум во Давос се појавува нова поделба во глобалното банкарство.
22.01.2025
Уриваме рекорди: Во банките чуваме речиси 10 милијарди евра
Растот во поголем дел се должина зголемувањето на депозитите на „домаќинствата“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор.
21.01.2025
Можно зголемување на одредени надоместоци кај македонските банки
Во регионот Адрија приходот од надоместоци е околу една третина од приходите од камати, додека во ЕУ бројката е нешто помала.
22.01.2025
ЕУ е претерано рестриктивна кон банките, вели потпретседателот на „Блекрок“
Финансиската индустрија на Европа е во опасност да заостане, вели потпретседателот на „Блекрок“, Филип Хилдебранд.
20.01.2025
Убаво е да се биде банка: Рекордни профити во 2024 година
Петте најголеми американски банки ќе ја завршат 2024 година со комбиниран раст на приходите од тргување од 15 отсто.
19.01.2025
Со месеци сите три договори се соочуваат со отпор или од страна на посакуваната банка за преземање или од други засегнати страни, вклучително и владите. Па, се надеваа дека можеби конечно сите ќе дојдат во Давос, познат по неговата способност да ги собере извршните директори заедно во една просторија, со цел да ги надминат нивните разлики.
Тоа баш и не се случи.
Наместо тоа, главната извршна директор на „Комерцбанк“, Бетина Орлоп, ја засили својата реторика против „Уникредит“, окарактеризирајќи ги неодамнешните предлози на заемодавачот како „непријателски“ во јасната ескалација на нејзината одбрана од непосакуваниот договор. Германската влада, која сè уште поседува 12 проценти од акциите на банката, вели слично. „Сабадел“ најави дека размислува да го пресели своето правно седиште назад во Каталонија бидејќи се обидува да собере политичка поддршка, која ќе помогне да се бори против понудата на ББВА.
Во петокот дојде шокантното соопштение дека „Банка Монте деи Паски ди Сиена Спа“ (Banca Monte dei Paschi di Siena Spa) ќе се обиде да го купи својот поголем ривал „Медиобанка“ (Mediobanca SpA), што дополнително ги комплицира разговорите за преземање. „Медиобанка“ смета дека пристапот на најстарата банка во светот е непријателски и најверојатно ќе го отфрли, објави „Блумберг“ неделава.
Сето тоа го истакна фактот дека и по долгогодишно чекање европските банки и нивните влади сè уште се спротивставуваат на поривот за побрзо консолидирање.
Тоа е спротивно на зголемените повици од регулаторите, креаторите на договори и владите дека се потребни порадикални комбинации за да можат заемодавачите на континентот да станат гиганти какви што треба да бидат за да го финансираат растот што и е потребен на Европа.
„Европа треба да одлучи дали сака банки кои се комунални претпријатија или кои се силата на капитализмот?“, изјави Хуберт Келер, виш партнер во швајцарската приватна банка „Ломбард Одиер“ (Lombard Odier).
Отпорот на заемодавците да склучуваат договори дојде дури и кога расте поддршката од страна на регулаторите за прекугранични банкарски спојувања низ Европа. Кристин Лагард, претседателка на Европската централна банка (ЕЦБ), рече дека таквите договори би биле добри за регионот ако на заемодавците им овозможат подобро да се натпреваруваат против нивните ривали од САД и Кина.
„Добрата работа е што го идентификувавме проблемот, а тоа е конкурентноста на Европа“, рече Лука Бока, главен финансиски директор на „Интеса Санпаоло“ (Intesa Sanpaolo SpA), кој додаде дека прекуграничните договори ќе бидат тешки за извршување. „Потребна е флексибилност што ги зема предвид регионалните структурни разлики“, рече тој.