text size
Европската Унија разгледува можност повторно да активира дел од итните енергетски мерки воведени по руската инвазија на Украина во 2022 година, во обид да го ублажи новиот ценовен шок предизвикан од војната во Иран. Еврокомесарот за енергија Дан Јоргенсен изјави дека во моментов нема директна закана за снабдувањето со нафта и гас, но предупреди дека пазарите на рафинирани деривати, како дизел и авионско гориво, веќе се соочуваат со зголемен притисок, што резултира со зголемување на цените. Според него, Европската комисија наскоро ќе предложи нови законски решенија за намалување на трошоците за енергија, при што не се исклучува повторно воведување мерки како ограничување на побарувачката, даноци на екстра-профит и ценовни плафони.