Има оптимизам дека САД и Иран би можеле да постигнат договор за продолжување на примирјето за 60 дена. Дел од тој договор е отворањето на клучниот Ормуски Теснец, а предвидувањата се дека по неговото отворање движењето низ него би се вратило во нормала за околу еден месец.
Сепак, има и поинакви предвидувања според кои нафтата би можела да цели кон 150 долари, а акциите се во опасна замка. И во однос на акциите предвидувањата варираат, ЕЦБ алармира за ризик од остар пад, а „Голдман“ ја крева прогнозата за S&P 500 на 8.000 поени.
Пред јунскиот состанок, ЕЦБ мери како да воспостави рамнотежа – да ја држи инфлацијата под контрола, а притоа да не го загрози кревкиот раст на еврозоната. Она што е јасно е дека банката ќе ја ревидира прогнозата за стапката на инфлација и ќе направи сè што е во нејзина моќ за да ја заузда инфлацијата, во рамките на тоа е можноста веќе следниот месец каматите да се зголемат.
Прочитајте повеќе:
Дивидендните приноси во регионот: Атрактивност или тест за одржливост
Дали повеќе се исплати вложувањето во општински или во државни обврзници?
Додека Швајцарија се подготвува за референдум со кој ќе го ограничи бројот на жители, Македонија станува нов дом за се повеќе странски работници кои тука доаѓаат со своите семејства.
Нема зима за околу 130.000 вработени во јавниот сектор. Нашата анализа покажа дека некои од нив се човек-институција.
Податоците покажуваат дека во земјава се почесто се користат картички и електронско плаќање, но и се повеќе се краде во маркетите. Анализиравме што се краде и кој го плаќа тоа на крајот.
Прочитајте повеќе:
Што можат домашните пазари на капитал да научат од другите?
Иван Штриев: Во соработка со ЕБОР развиваме ИПО
Европската унија си има свои предизвици. Губејќи ја битката со американските и кинеските компании ќе усвои нов закон кој треба да обезбеди 120 милијарди евра за инвестиции во чипови за да ја подобри својата конкурентност, која според италијанската премиерка e задушена од бриселската администрација. Таа администрација неделава донесе одлука да го казни „Тему“ со 200 милиони евра поради висок ризик од нелегални производи.
Подготовките за иницијални јавни понуди се при крај. „Спејс екс“ бара 75 милијарди долари и место меѓу највредните компании во светот. Ова лансирање на векот може да се спореди со најголемите во историјата. Еве како изгледа ова историско ИПО во однос на најголемите котации досега. Ви откривме сè што треба да знаете за ИПО-то на „Опен еј-ај“.
Прочитајте повеќе:
25 милиони долари инвестирани во вистинско време - Бекам денес е милијардер
Вредноста на Арсенал скокна за 23 отсто, на речиси 6 милијарди долари