Топлотниот бран што ја зафати Западна Европа оваа недела, во земјава ќе пристигне кон крајот на викендот, а ќе се интензивира на почетокот на следната недела. На вакви температури ниту плажа не звучи примамливо, но сепак – сезоната на годишни одмори почна. Засега се користат старите од одмори, а ние анализиравме кои се правата на македонските работници кога е во прашање годишниот одмор. Заклучивме дека не може да се откажете од одморот, може да ви биде платен само во исклучителни околности и шефот не може да ве викне да го прекинете.
Правото на годишен одмор се врзува со правото на регрес за годишен одмор. Растот на просечната плата го дигна и најнискиот износ на К-15 што ќе се исплатува годинава. Најниската сума надмина 19.000 денари и ние ја споредивме со земјите во регионот – девет македонски работници добиваат колку еден Словенец.
Го анализиравме и пензискиот систем – со измени на законот државата ќе го спасува ПИОМ со тоа што дел од парите што досега одеа во Агенцијата за вработување, сега ќе одат во пензискиот фонд. Ова дојде само ден откако ревизијата покажа дека ПИОМ должи пари на приватните пензиски друштва и Фондот за здравство.
Се зголемува и дефицитот во буџетот по ребалансот со кој се зголемува сумата за капитални инвестиции што треба да придонесе за растот кој, според нашите аналитичари, годинава ќе изнесува 2,9 отсто.
Прочитајте повеќе:
Македонците навлечени на протеини: Експанзија на „фит“ индустријата
Расте пазарот за авторски накит и во Македонија: Кој го купува?
Преговорите за крај на војната на Блискиот Исток, и покрај разликите кај преговарачките страни, продолжуваат. Ормускиот Теснец останува отворен што ја спушти цената на нафтата. Во еден момент во текот на неделата таа падна и под нивоата од пред војната. Паѓаше и цената на златото. На берзите главниот збор го имаат технолошките гиганти. Резултати на „Мајкрон“ го подигнаа расположението, новите, повисоки, цени на уредите на „Епл“ ја урнаа берзанската еуфорија.
Производителот ги зголеми цените поради недостигот на мемориски чипови што е резултат на зголемените потреби на вештачката интелигенција. На ова поле, неделава и земјава ја стартуваше „Везилка“, македонски исчекор во ерата на вештачката интелигенција. Ние анализиравме колку ќе заработевте ако вложевте во ВИ пред пет или десет години.
Кина извезе рекорден број електрични возила во мај. Секој десетти нов автомобил купен во Европа бил кинески, но сепак продажбата на нови возила на континентот забавува под притисок на растечката инфлација.
Европа е и под друг притисок. Станува премногу зависна од американски гас, а САД се заканија дека можат и да го пренасочат енергентот.
Прочитајте повеќе:
СП како фабрика за пари: Кои се вистинските победници во фудбалското лудило?
Меси сруши рекорд – стана најдобриот стрелец на светските првенства
Два последователни силни земјотреси ја погодија Венецуела. Бројот на загинати се доближи до 200, а спасувачките акции се прошируваат.
Британскиот премиер Кир Стармер неделава ја објави својата оставка. Тој се повлече без политичка борба откако стана јасно дека веќе не ја има поддршката од кабинетот или од поширокиот парламентарен блок. Кралството го очекува седмиот премиер во десет години.