text size
Пред околу три децении кога некој ќе спомнеше протеини, првата асоцијација беа бодибилдерите, кои, според тогашните приказни, јадеа по дваесет-триесет јајца дневно за да изградат мускулна маса. Производите со висок процент на протеини, прашоци, шејкови и така натаму, освен што беа премногу скапи, како да беа и исклучиво „резервирани“ единствено за професионалните спортисти, оние што се натпреваруваа на големите спортски настани. Другите не ни помислуваа на консумирање протеински производи, а вистинска лудост беше и помислата да се јадат десетици јајца дневно.