text size
Регионот треба да работи на подобрување на синџирот на снабдување со Европската Унија (ЕУ), бидејќи далечните пазари за снабдување се покажаа како неодржливи, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на Бизнис форумот, што се одржува во Хрватска. Тој смета дека регионот треба да ги искори можностите за да може заеднички да напредува.