text size
Повеќе луѓе умираат во зима отколку во лето, и не само затоа што е ладно надвор. По се изгледа дека ладните домови се поопасни. Податоците на здравствените власти во Европа неодамна покажаа дека во подрачјата со поблага клима каде што домовите честопати послабо се греат, имаат повисоко ниво на смртност во зима. Стапката на смртност во зима во Португалија, на пример, е далеку повисока отколку во Финска.