text size
Секоја пауза на состанокот на Европската централна банка (ЕЦБ) може да биде проследена со повторно зголемување на каматните стапки, вели претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. На следниот состанок во септември „може да има дополнително зголемување на основната стапка или можеби ќе има подолга пауза“, изјави Лагард за весникот „Ле фигаро“ (Le Figaro). „Паузата, кога и да се случи, во септември или подоцна, не мора да биде конечна“.