Клучниот показател за платите во еврозоната паднал на крајот на минатата година - давајќи дополнителни аргументи на претставниците на Европската централна банка (ЕЦБ) кои сигнализираат дека би можеле да започнат со намалување на каматните стапки во јуни.
Надоместокот по вработен во четвртиот квартал пораснал со темпо од 4,6 отсто (на годишно ниво), што е пониско од 5,1 отсто во третиот квартал, покажаа податоците на ЕЦБ во петокот.
ЕЦБ ги идентификува платите како клучен двигател на инфлацијата бидејќи растот на цените полека се приближува до целта на централната банка од два процента. Главниот економист Филип Лејн ја опиша компензацијата по вработен како „најсеопфатна мерка“ за растот на платите.
Прочитај повеќе

Претставници на ЕЦБ поддржуваат намалување во јуни, но некои се отворени и за април
Се создава погоден момент за намалување на каматните стапки во јуни, што во четвртокот го означи и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.
08.03.2024

Шестмесечниот Еурибор ќе се намали до 3 отсто до крајот на годината
Аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ очекува прва промена надолу кон средината на годинава.
08.03.2024

ЕЦБ ги задржа стапките непроменети, послабата инфлација навестува намалување
Европската централна банка ги задржа каматните стапки непроменети на четврти состанок по ред.
07.03.2024

Аналитичари: ЕЦБ ќе остане претпазлива, ризик се високите плати
Состанокот на Европската централна банка е денеска.
07.03.2024
ЕЦБ очекуваше овој показател да се намали во четвртиот квартал и соопшти дека овој тренд најверојатно ќе продолжи. За потсетување, ЕЦБ неделава ја остави депозитната стапка непроменета, на четири отсто.
Индекс на раст на компензација по вработен
Bloomberg
Оваа стапка, сепак, ќе остане „висока во споредба со историските нивоа поради сѐ уште добрата состојба на пазарот на трудот, инфлацијата и зголемувањето на минималните плати“, соопшти ЕЦБ. „Очекуваме дека на крајот на проекцискиот период таа ќе достигне три проценти, што во голема мера одговара на збирот на проектираниот раст на продуктивноста и инфлацијата“, се додава во соопштението.
„Растот на платите ја погодува желбата на ЕЦБ да ги намали каматните стапки, но Управниот совет сепак ќе сака да ги почека податоците од првиот квартал од оваа година пред да почне со намалувње“, велат Дејвид Пауел и Џејми Раш од „Блумберг економикс“.