Европската централна банка (ЕЦБ) го испорача намалувањето на каматните стапки што го најавуваше со месеци - оддалечувајќи се од рекордно високото ниво - но не посочи дали со ваквите потези ќе продолжи и во иднина.
Банката ги намали каматните стапки за првпат по речиси пет години, движејќи се пред своите колеги од САД и Велика Британија во намалувањето на трошоците за задолжување, по најголемиот пораст на цените во една генерација.
ЕЦБ ја намали референтната стапка на депозитите за четвртина процентен поен, на 3,75 отсто, по состанокот на нејзиниот управен совет во четвртокот во Франкфурт.
Прочитај повеќе
ЕЦБ ќе почне со намалување, следните чекори ќе зависат од платите
Глобалните притисоци врз цените на енергентите се намалуваатшто придонесува за продолжување на стабилизирањето на стапките на раст на инфлацијата.
05.06.2024
Каматната стапка на ЕЦБ ги фаворизира европските акции, велат од „Ситигруп“
Веројатноста дека каматните стапки ќе бидат повисоки оваа деценија од минатата ќе им помогне на европските акции.
04.06.2024
Намалувањето на стапките е ретка светла точка во проблематичната еврозона
ЕУ ќе стане значително ослабена глобална сила, оставајќи ги САД и Кина во борба за економска надмоќ
03.06.2024
Инфлацијата во еврозоната скокна повеќе од очекуваното, проблем за ЕЦБ
Инфлацијата во еврозоната забрза повеќе од очекуваното, дополнително заматувајќи ги изгледите за каматните стапки на ЕЦБ.
31.05.2024
Еврото се задржа стабилно, поскапувајќи за 0,1 отсто, на 1,0865 долари, по објавувањето на информацијата.
Приносите на двегодишните германски обврзници чувствителни на каматни стапки - репер за еврозоната - се искачија на 3 отсто, зголемувајќи се за 0,03 процентни поени.
Трговците на пазарите за свопови сметаат дека постои околу 70 отсто веројатност за второ намалување до септември.
Банката порача дека за политичките одлуки ќе продолжи да има „пристап базиран на податоци од состанок до состанок“.
Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, ќе ја објасни одлуката на прес-конференција во текот на денот. Лагард минатиот месец рече дека е „навистина уверена“ оти инфлацијата во еврозоната е под контрола, откако таа забави од врвот над 10 отсто во 2022 година, на мал дел до целта од 2 отсто.
Сепак, податоците објавени минатата недела покажаа дека инфлацијата се забрза првпат годинава на 2,6 отсто во мај.
Бројките ја поттикнаа ЕЦБ малку да ги зголеми прогнозите за инфлацијата за оваа и следната година. Се вели дека инфлацијата во просек би била 2,5 отсто годинава, 2,2 отсто следната и 1,9 отсто во 2026 година.
Централната банка ги зголеми проекциите за инфлацијата за 2024 и 2025 година
Денешниот потег доаѓа еден ден по сличното намалување на каматната стапка од страна на Банката на Канада и по претходните одлуки за олеснување на монетарната политика на централните банки во Бразил, Мексико, Чиле, Швајцарија и Шведска.
Спротивно на тоа, Федералните резерви (Фед) на САД се очекува следната недела да ги задржат стапките на исто ниво, односно на 23-годишен максимум, со опсег од 5,25 до 5,5 отсто, откако ценовните притисоци во најголемата светска економија се покажаа потврдоглави од очекуваното.
Банката на Англија (БоЕ) исто така не се очекува да ја намали својата банкарска стапка од 16-годишниот максимум од 5,25 отсто, кога ќе се состане на 20 јуни.