text size
Инфлацијата во Обединетото Кралство (ОК) во август изнесува 2,2 проценти, што е само малку повисоко од целта на тамошната централна банка растот на цените да изнесува два отсто. Тоа ќе ги зацементира ставовите на креаторите на монетарната политика во однос на очекуваното кратење на каматните стапки, кое е планирано кон крајот на годинава. Статистичките податоци се на иста линија како и очекувањата на економистите на „Блумберг“.